| четврток, 6 декември 2018 |

Комбе прегази 4 годишно дете во Кичево

Четири годишно дете е тешко повредено откако вчера утрината било прегазено од комбе на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево.

Од полицијата информираат дека во момчето удрило комбе „Фолксваген крафтер “ управувано од 22 годишниот Д.А. од Кичево.

Детето со тешки повреди било пренесено во медицинскиот центар во Струга, од каде е префрлено во охридската болница „Св.Еразмо“. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top