| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца полицајци повредени во сообраќајка

policija

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа која утринава се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево кај местото Здуњски Пат.

Од МВР информираат дека до несреќата дошло при судир на полициското возило „шкода јети“ со автомобил „ситроен“, кој го управувал 80-годишниот гостиварец С.М.

Повредените полициски службеници биле пренесени во гостиварската болница, каде што е утврдено дека немаат сериозни повреди и укажана им е лекарска помош. Старецот при несреќата поминал без повреди.

Полицискиот увид треба да покаже кои се причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top