Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Кичево ќе остане во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ во наредната декада.
–На крајот на 2005 и почеток на 2006 година во општина Кичево, да ве потсетам, имаше 7400 вработени. На крајот на 2016-тата бројката на вработени во Кичево е покачена за над 11.000 луѓе. Ова е добар пример за одлична работа. Бројот на вработени е зголемен за околу 3600 или за околу 50 %. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, не е само празни зборови и лажни ветувања како што шири нашиот опонент. Се изгради нова индустриска зона, се донесоа нови странски инвестиции. Фабриката Key Safety Systems инвестираше во овој регион по наша заложба, по наше долготрајно и макотрпно работење да ги убедиме да дојдат во Македонија, да дојдат во Кичево и да отворат нови работни места за народот. Вработија 1350 луѓе, а планираат да го прошират производството со уште една фабрика за волани за автомобили каде што ќе вработат околу 1000 лица. Го започнавме новиот автопат од Кичево до Охрид, инвестиција вредна 374 милиони евра и истиот ќе служи за жителите и за индустријата во овој регион и за цела Македонија, да може да се патува брзо и безбедно, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст