Кандидатот за градоначалник на Сопиште од СДСМ, Далибор Богдановски, предизвикал сообраќајна несреќа поради возење со преголема брзина, а МВР три дена ја крие оваа информација, објави Нетпрес.
Според полициски информации на порталот, во сообраќајката е повреден Стефан Т. од Припор, кој во моментов е хоспитализиран во Државна болница, со скршена вилица и рака, а за денеска му е закажана и операција.
Богдановски кој во моментот на несреќата управувал возило „пасат“ ја предизвикал сообраќајката, со што му ја пресекол лентата на Стефан Т.
Неофицијално, полициски извори брифираат дека имало притисоци за записникот од сообраќајката, кон одговорниот полицаец од увидната екипа. На мобилен телефон му се јавило женско лице кое инсистирало записникот да се направи во корист на кандидатот за градоначалник на СДСМ, иако тој бил виновен за сообраќајката.
Очевидци велат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ ја предизвикал сообраќајната незгода поради возење со преголема брзина во населено место, при што изгубил контрола над воланот и влегол во другата лента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст