Гордоста на некогашната југословенска воена индустрија, тенкот М84, и денес предизвикува големо внимание. Освен Кувајт, кој набавил 149 тенкови, и други земји го сакале токму овој тенк. Но, оддолжувањето на работата и распадот на СФРЈ влијаеја да пропадне еден од највносните бизниси на таа земја – продажбата на тенкот М84 и лиценцата за Пакистан која се одвивала во најголема тајност.
А зошто токму на Пакистан? Поради постојаните проблеми со Индија, Пакистан морал да се вооружува со современо оружје. Кога станало јасно дека Индија започнува со развој на сопствен тенк, врз основа на советска лиценца за тенкот Т-72М, Пакистан сфатил дека неговите тенкови не можат да му конкурираат на тенкот Т-72. Затоа, воени делегации на Пакистан забрзано тргнале во неколку земји да пронајдат погодна понуда за купување или за откуп на лиценца за современ тенк (Русија, Украина, Кина, САД).
Летото 1990 година во Пакистан под најголема тајност била испратена група офицери и подофицери за Југославија да не ги расипе односите со Индија, со која имала одлична соработка.
Во периодот од 25 јули до 7 септември 1990 година со југословенската делегација во оваа азиска земја биле испратени и два тенка П1 и П2 за да ги демонстрираат борбените квалитет во специфичните географски и климатски услови на Пакистан и да се обучи одредена пакистанска посада за ракување и гаѓање со тенкот М-84А.
Посетата започнала со разговор за тенкот М84. На оваа посета на југословенската делегација и е дадено посебно значење, отиделегацијата ја примил лично началникот на Генералштабот. Пред него и неговите соработници била одржана презентација на која детално биле забележани сите информации.
По состанокот започнало тестирањето на тенковите, кои биле во совршена состојба. Биле испитувани за возење по песочна и мочуришна почва, а биле помиинати 1600 километри на температури на воздухот од 45 до 50 степени.
Бидејќи тенковите ги поминале сите тестови без никаков дефект, претставниците на пакистанската армија биле воодушевени, особено што претходно тестирале и други тенкови, како М1А1 Абрамс кој според пакистанските офицери имал бројни застои и дефекти, а покажал и послаба прецизност при испукувањето проектили.
Во Белград кон крајот на 1990 година се разговарало за договори за купување на темновите М-84А и за нивно производство во Пакистан.
Но, за жал, до потпишување на огромната зделка која на СФРЈ би и донела милијарда долари не дошло меѓу друго поради распадот на Југославија. Потоа, Пакистан ја продолжил соработката со Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст