Засега нема информации за загинати или повредени македонски државјани во нападот што се случи денеска на фестивал во Лас Вегас, изјавија за МИА од македонското Министерство за надворешни работи.
Соопштение со повеќе информации МНР најавува подоцна во текот на денот.
Полицијата во Лас Вегас соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени, а 406 се повредени во нападот извршен денеска на музички фестивал во Лас Вегас. Лицето осомничено за нападот е идентификуван како 64-годишен белец Стивен Педок од Невада. Полицијата го застрела напаѓачот во хотелска соба, на 32. кат од хотелот Менделеј Беј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст