| четврток, 6 декември 2018 |

Франгов:Нови инфраструктурни проекти и бесплатен автобуски превоз за младите

Кандидатотот за градоначалник на општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Франгов денеска го потпиша однапред подготвениот Документ од страна на Националниот младински совет на Македонија со заложба дека ќе работи за релизација на три проекти од приоритетите и потребите на младите.

– Во наредните четири години, доколку бидам избран повторно за градоначалник, планираме, освен нови инфраструктурни проекти за задоволување на потребите на младите, да воведеме и организиран бесплатен автобуски превоз  на сите ученици во општината, од нивните домови до училиштата, рече Франгов по потшишувањето на Документот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top