Коѕиас во интервју за националната телевизија ЕРТ изјави дека заедно со македонскиот колега Никола Димитров во Њујорк договориле ревизија и промена на учебниците по историја во Македонија, македонското МНР демантираше и соопшти дека тие воопшто не разговарале за такво нешто.
-Спорот за името во заднината крие еден проблем со иредентизам. Се надевам и верувам дека ќе постојат мерки од нивна страна за ограничување на иредентизмот. На пример, во Њујорк се согласивме со доста интересната личност, со министерот за надворешни работи на соседната земја, со господинот Николас Димитров, дека ќе направиме заедничка комисија од ноември, која ќе работи четири месеци и се надеваме дека ќе ја заврши својата работа, која ќе ги разгледа учебниците за да се отстранат иредентизмот и мапите што постојат. Тоа е еден важен чекор што го направиме, но постојат и други за кои преговараме – објасни шефот на грчката дипломатија.
Коѕијас коментираше дека чека да поминат локалните избори кај нас, но и вториот круг, доколку биде потребно, па потоа, како што истакна, нашата влада ќе треба да оцени дали се зајакнува или не и, соодветно со тоа, како што рече, „владата да покаже дали сака и дали може суштински да преговара за решение на спорот за името“.
Промената на македонските учебници уште пред изјавите на Коѕиас ја потврди премиерот Зоран Заев уште пред да се потпише договорот за добрососедство со Бугарија, потенцирајќи дека дека во учебниците ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка меѓу Македонија и Бугарија.
-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, -рече Заев во скандалозната изјава.
Согласноста на Зоран Заев, покрај бугарската и грчката Влада да интервенира во македонските учебници за историја подразбира и забрана на користење историски мапи во македонските училишта, факултети и научни институции. Со цел да не бидеме оквалификувани како „иреденстисти“ од страна на грчките власти, нема да имаме можност да ја изучуваме македонската историја која се однесува на целата територија на географска Македонија.
Се поставува прашањето како македонските ученици ќе учат за Македонската револуционерна организација кој во минатиот век била создадена во градот Солун? Дали изучувањето на толку важен настан од македонската историја би подразбирал иредентизам?
Со оглед на фактот дека при потпишувањето на договорот со Бугарија, со кој Заев македонскиот идентитет го сведе на постоење од 1991 година па наваму, може да се претпостави дека македонските ученици историјата на Македонија пред 1991 година ќе ја изучуваат во т.н. „заедничка историја“ која ќе биде испишана од нашите соседи.
Македонските историчари ќе имаат ингеренции само на периодот од 1991 година во кој Македонците немаат никаква допирна точка со територии кои се надвор од Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст