| четврток, 6 декември 2018 |

Удрил во сообраќаен знак и се превртел во канал за вода

Тешко повреден е Ј.Г. (76) од село Карбинци кој вчера претпладнето, управувајќи патничко возило „Тојота ајго“, удрил во сообраќаен знак и се превртел во канал за вода.

Според МВР, незгодата се случила на магистралниот пат Кочани – Штип во непосредна близина на излезот од селото Чардаклија, а Ј.Г. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничката болница во Штип каде е задржан на лекување.

Увид изврши екипа од СВР – Штип. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top