| четврток, 6 декември 2018 |

„Кога денот немаше име“ со претпремиерни бесплатни проекции на „Бела ноќ“

По само неколку дена, на 7 октомври, во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“, филмот „Кога денот немаше име“ ќе има претпремиерно прикажување во Скопје со две проекции со почеток од 20 и од 22 часот во кино „Милениум“. Влезот за двете проекции е слободен, информираат од продукцијата Митевски.

Филмот на Теона С. Митевска минатата недела беше прикажан во натпреварувачката програма на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

 

 

Во следните два месеца филмот ќе биде прикажан на уште неколку меѓународни реномирани филмски фестивали. „Кога денот немаше име“ ќе учествува во официјалната натпреварувачка селекција на фестивалот FIFF (Festival International du Film Francophone) во Намур, Белгија, кој се одржува од 29 септември до 6 октомври. Потоа, на фестивалот CineEast FF во Луксембург, од 5 до 22 октомври, на кој Лабина Митевска е специјален гостин и во нејзина чест ќе биде прикажан и култниот чешки филм „Самотари“.

Во ноември ќе биде прикажан на уште три филмски фестивали: Cairo International FF во Каиро, Египет; Ljubljana Film Festival во Љубљана, Словенија, каде што веднаш потоа ќе почне со дистрибуција во киносалите; како и на сѐ поценетиот фестивал на авторски филм Festival Auteurs Film во Белград, Србија, земјата каде што исто така веќе е откупен за дистрибуција во киносалите, која започнува веднаш по фестивалот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top