| четврток, 6 декември 2018 |

Жени во Морските Фоки и Делта Форс

Директорот на Пентагон Леон Панета ќе ја тргне забраната во американската армија со која жените не можеа да учествуваат во борби, со што ќе се отвораат стотици илјади работни места на линиите на фронтот како и потенцијални елитни командовски работни места по повеќе од една деценија од војната против тероризмот, пренесуваат американските медиуми.

Сепак, Панета ќе остави временски рок до 2016 да побара специјална забрана, односно исклучок доколку веруваат дека некоја позиција мора да остане исклучиво машка.

Од армијата велат дека ќе развијат план со кој би им се овозможило на жените да бараат борбени позиции. Некои од позициите би можеле да станат отворени уште годинава. За приклучување во единиците како Морските Фоки или Делта Форс ќе биде потребно повеќе време.

Иницијалните воени планови ќе мора да бидат претставени пред Панета до 15 мај. Официјалното обзнанување на одлуката не се очекува до утре, па за сега сите извори се анонимни.

Првичните проценки се дека со ваков зафат би можеле да се отворат околу 230 илјади работни места за жени. Последните години зафатени од воени активности, жените служеа во медицинските екипи, воената полиција и разузнувањето, а многу ретко и секако без формална одлука во единиците во првите борбени линии.

Во американската армија од 1,4 милиони активен воен персонал сега само 14 проценти се жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top