| четврток, 6 декември 2018 |

Јована и Жељко пресреќни: Светот од денес е побогат за две девојчиња

Водителката Јована Јоксимовиќ се породи синоќе, малку пред полноќ во болница во Белград и на свет донесе близначки, а гордиот татко, пејачот Жељко Јоксимовиќ ја сподели веста на социјалните мрежи и откри како се викаат девојчињата.

Јована и Жељко одлуција нивните ќерки да ги крстат Ана и Срна.

-Светот од денес е побогат за две девојчиња, Ана и Срна. Добредојдовте драги наши принцези- напиша Жељко на Твитер а фановите веднаш им честитаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top