| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски и Трајановски во предност: Убедливо водат во општина Карпош (ФОТО)

Стевчо Јакимовски убедливо води во општина Карпош, а Коце Трајановски во Град Скопје- ова го покажуваат податоците од спроведеното истражување на јавното мислење направено на територија на општина Карпош од страна на Центарот за истражување и анализа.

Центарот за истражување и анализа објави резултати од спроведено истражување на јавното мислење, направено на територија на општина Карпош од 24 до 27 септември оваа година.

Испитувањето на јавното мислење е направено преку теренска анкета од страна на Центарот за истражување и анализа од 24 до 27 септември 2017 година на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници со ± 2 % маргина нагрешка.

Анкетата е направена на репрезентативен Општински примерок, а критериуми за репрезентативност беа: пол, возраст, етничка припадност, место на живеење, работен статус и образование. Од 1.202 испитаници, 51% беа мажи, а 49% жени; во однос на етничката застапеност, 89% % од испитаниците беа Македонци, а 3 % Албанци, додека другите етнички групи беа застапени со 8 %.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top