| четврток, 6 декември 2018 |

Конструкција се срушила врз Мерлин Менсон, пејачот во болница (видео)

Концерт во Њујорк е прекинат откако два големи реквизита во облик на пиштоли паднале и го поклопиле контроверзниот пејач Мерлин Менсон. Од бина го пренеле во болница.

– Лед, лед, донесете лед – извикувале исплашени посетители на саботниот концерт на Менсон (48), по инцидентот на сцената во Хамерстајн Балрум.

Додека пејачот и бендот, еден час по почетокот нба концертот, ја изведувале песната „Sweet dreams“, се срушил дел од сценографијата и паднал врз Менсон, кој останал приклештен под реквизитите. Портпаролот на Менсон потврдил дека пејачот е во болница, но наводно неговата состојба не е критична.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top