| четврток, 6 декември 2018 |

Драган Миленковиќ тренерски ќе се надградува во Шангај

Еден од најперспективните млади тренери во Македонија, Драган Миленковиќ, деновиве ја напушта нашата земја. Поточно, заминува за Кина, во Шангај, каде во следната сезона ќе биде дел од тренерскиот тим во “JUMP” академијата.

Заминувам за Кина, во градот Шангај, каде во следната година ќе работам како главен тренер на академијата наречена ‘Џамп’. Место каде во наредниот период ќе се обидам да го пренесам своето седумгодишно искуство на работа со младите категории на кошаркари”-потврдува довчерашниот асистент-тренер во стручниот штаб на македонскиот првак МЗТ Скопје.

За Миленковиќ ова ќе биде прво интернационално искуство во неговата тренерска кариера.

„Изминативе три сезони со МЗТ Скопје освоив седум одличја, од кои четири се шампионски. Од нив три со првиот тим 2015/16 кога ја освоивме двојната титула, а во 2016/17 шампионската. Освен тоа, две сезони бев дел од стручниот штаб на најдобриот клуб кај нас, на натпреварите во АБА лигата, и ланската во Еврокупот”.

Миленковиќ ја објаснува „кинеската конекција”…

Сакам да искажам една голема благодарност до Владимир Мирковски на чиј повик доаѓам во Кина. Нашиот тренер, и мој колега во МЗТ Скопје кој веќе втора година работи како координатор во академијата ‘JUMP’ . На мојот досегашен клуб, МЗТ Скопје му посакувам одбрана на титулите на домашната сцена и исчекор во резултатите во АБА лигата оваа сезона”-порачува Миленковиќ пред најголемиот тренерски предизвик досега во кариерата, заминувањето во најмногубројната земја на светот.

Извор: Спортмедиа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top