Најмалку 29 луѓе се повредени синоќа откако се урна заштитна ограда меѓу фудбалски терен и трибина за време на натпревар во северниот француски град Амиен. Четворица од нив се со тешки повреди и се хоспитализирани.
Инцидентот се случи во 16. минута од натпреварот меѓу прволигашите Амиен и Лил.
Заштитната ограда се урнала под тежината на навивачите кои во еуфорија се спуштиле до дното на трибината кога нивниот тим (Лил) постигнал гол по што на стадионот Ликорн настанала паника.
Судијата го прекинал натпреварот откако тимови на Итна медицинска помош се упатиле кон повредените. Јавен обвинител изјави дека е отворена истрага за „ненамерно повредување“ со фокус на прашањето зошто бариерата попуштила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


