Актуелниот градоначалник на Аеродром и кандидат за уште еден мандат, Ивица Коневски, вчера се сретна со жителите од населбата Јане Сандански, со кои разговарале за досега реализираните проекти, но и за оние кои се планирани во неговаа програма.
-На средбата го промовиравме проектот за изградба на затворен пливачки базен покрај кејот на реката Вардар, што е дел од проектите од нашата предизборна програма. Станува збор за изградба на првиот затворен пливачки базен во Аеродром со олимписки димензии за ватерполо. Ваквиот базен е од исклучителна важност за нашата општина, бидејќи не само што Аеродром ќе добие ново место за спортски настани и ќе го потврди уште еднаш епитетот „најспортска општина“, туку и дечињата ќе добијат можност за вежбање водени спортови во професионални услови – вели кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека доколку ја добие довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализира и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените патеки. Со оглед на фактот што овој дел од општината изобилува со зеленило, ќе изгради систем за наводнување со што ќе се олесни неговото одржување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст













