| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во новата ера ќе има дом за секој граѓанин кому му е потребен

Во новата ера ќе се обрне внимание на секој кој нема своја куќа, свој стан, да се обезбедат услови за лесно, брзо и ефтино доаѓање до свој дом, за секој граѓанин кому му е потребен, преку мерки и активности-дел од нив ги започнавме пред изборите, дел од нив ќе дојдат по завршувањето на помрачувањето и враќањето на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на чело на Македонија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во Тетово.

-Во новата декада, во новата ера се предвидуваат инвестиции во патната инфраструктура- во нови автопати, во регионални патишта, во локални патишта. Република Македонија со возило да може од едно до друго место да се помине за максимум 80 минути, освен од крај до крај од еден до друг граничен премин максимум за 120 минути. Тоа ќе се случи со поголем број инвестиции во патната инфраструктура.

Груевски потенцираше и дека се планираат мерки и активности за квалитетот на образованието, со повеќе знаење за младите луѓе и да стане поконкурентно во меѓународни рамки.

-Предвидуваме многу нови инвестиции во здравството- поефтино и поквалитетно здравство, грижа за пациентите и за лекарите и медицинскиот персонал и поголеми плати за нив, но главниот фокус да е на пациентот. Видовте што значи Влада што се грижи за својот народ, за сите што живеат во оваа држава. До крајот на наредната декада со новата стратегија се предвидува преку градба на многу нови капацитети во енергетиката се предвидува Македонија од нето увозник да стане нето извозник на електрична енергија. Нашата стратегија пред се значи вложувања и во иновации, економија заснована на иновации и на претприемништо, потенцираше Груевски пред тетовчани.

Додека, додаде тој, овие се занимаваа како да ја срушеле оградата на Владата, ние со ова се занимававме. -Додека тие размислуваа и зборуваа дали и кој споменик на некој македонски револуционер што го дал живото за слободата на Македонија да му се тргне споменикот, ние се занимававме со новите вработувања, со новите работни места и со новат аера на Македонија. Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top