| четврток, 6 декември 2018 |

Герет си заминува – Рејчел Галовеј нова амбасадорка на Британија во Македонија

Рејчел Галовеј ќе биде новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија. Соопштија денес од канцеларијата за надворешни работи на Обединетото Кралство.

Галовеј, на местото на досегашниот амбасадор Чарлс Гарет ќе стапи на функција во јули 2018 година.

Новата амбасадорка во моментов е претседавач на работната група „Машрак/Магреб“ која работи на заедничката надворешна политика на Европската Унија, а конкретниот фокус е соработка со државите од Блискиот Исток и земјите од Северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top