| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродром ќе добие затворен пливачки базен-Ивица Коневски промовираше проект од предизборната програма

 

-Денеска во населбата Јане Сандански го промовираме проектот од нашата предизборна програма за изградба на затворен пливачки базен покрај кејот на реката Вардар.Станува збор за изградба на првиот затворен пливачки базен во Аеродром со олимписки димензии за ватерполо (33х25 метри).Ваквиот базен е од исклучителна важност за нашата општина, бидејќи не само што Аеродром ќе добие ново место за спортски настани и ќе го потврди уште еднаш епитетот „најспортска општина“, туку и дечињата ќе добијат можност за вежбање водени спортови во професионални услови.
Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените патеки. Со оглед на фактот што овој дел од општината изобилува со зеленило, ќе изградиме систем за наводнување со што ќе се олесни неговото одржување-најави Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top