| четврток, 6 декември 2018 |

Страшни цртежи од Северна Кореја: „Американците се канибали и убијци”

Овие слики во Пјонгјанг наводно ги користат во пропагандни цели, за својот народ да го убедат дека Американците се злобни и дека се способни на најлоши ѕверства. Графичките прикази покажуваат американски војници кои малтретираат жители на Северна Кореја во текот на Корејската војна од 1950. до 1953. година

Тензиите меѓу САД и Северна Кореја константно растат, а двете држави речиси секојдневно си праќаат остри зборови. Целиот свет стравува од тоа каков ќе биде резултатот од засега само вербалниот судир на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Не е тајна дека Северна Кореја уште од Корејската војна ги мрази Американците, а тоа сега го докажуваат со бизарни пропагандни цртежи кои се објавени и на интернет.

Овие слики во Пјонгјанг наводно ги користат во пропагандни цели, за својот народ да го убедат дека Американците се злобни и дека се способни на најлоши ѕверства. Графичките прикази покажуваат американски војници кои малтретираат жители на Северна Кореја во текот на Корејската војна од 1950. до 1953. година.

На нив се гледа како војниците пуштаат кучиња на цивили, мачат жени и злоставуваат деца до смрт. Тие се дел од збирката на Севернокорејскиот музеј на американските воени ѕверства. Се верува дека настанале некаде во текот на 2005. година.

Музејот е сместен во градот Синчон, а цртежите го претставуваат тоа што Пјонгјанг го нарекува “масакрот во Синчон”, кога наводно биле убиени 35.000 луѓе.

Според некои извештаи, воздухопловството на САД наводно во таа област користеле и бактериолошко оружје, пренесува „Раша тудеј“.

Овој музеј е претворен во некој вид на национално светилиште и сега е камен темелник на севернокорејската пропаганда, која служби да го убеди народот на Северна Кореја какви ѕверства вршеле американските војници.

Музејот е основан во 1958. година, а во нив се чуваат и личните работи на оние кои наводно биле жртви на овој масакр, а повеќе пати го посетиле севернокорејските лидери.

Ким Јонг Ун музејот го посетил со својата сестра во 2014. година: Притоа Американците ги нарекол канибали и убијци кои бараат задоволство во колењето.

На овие цртежи е прикажано како Американците на една жена и ги вадат забите со клешти, како палат жив човек и како на луѓе им кршат глава со чекан.

На другите цртежи се гледа како малите деца умираат во масовни гробници, додека војниците го погребуваат луѓето кои ги убиле.

Посебно е вознемирувачки цртежот на кој е прикажан цртеж од војник кој држи дете на нишан, додека тоа плаче за своето убиено семејство.

Според овие цртежи војниците децата ги одвојувале од своите мајки, а потоа ги туркале во ровови со намера да ги закопаат живи.

извор: Точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top