| четврток, 6 декември 2018 |

Мартиновски: Гласот за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ значи глас за стабилен, модерен и урбан Бутел

Имам чест да ја предводам победничката листа за советници на Општина Бутел на која се наоѓаат чесни, искрени и работливи луѓе. Тоа се луѓе кои се почитувани во својата средина, меѓу своите соседи, пријатели, роднини и оставиле позитивен белег го градење на својата кариера, истакна носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел, Тони Мартиновски.

-Советот го претставува гласот на народот, без поддршка од Советот нема да може да се реализираат предвидени проекти од програмата на кандидатот за градоначалник Дарко Костовски. Давајќи го гласот за оваа советничка листа јасно порачуваме дека сме за стабилен, модерен и урбан Бутел. Како носител на листата и пред се како човек можам да ви ветам целосна посветеност за општина Бутел да биде општина со еднакви можности за сите, вели Мартиновски.

Тој додаде дека сите проблеми на граѓаните заеднички ќе ги решаваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top