Ѓорче Петров се гордее со македонскиот спортски бисер Андреј Стојаноски, пишува кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој посочи дека општината ќе ги поддржува младите спортисти кои постигнуваат високи врвни резултати.
-Младиот и скромен Андреј плива веќе 15 години , но не го слуша звукот на водата. 22 годишниот Андреј Стојаноски соборува светски рекорди, има три спортски оскари, над 250 медали и награди, и беше вицешампион на Светското првенство во пливање за лица со оштетен слух во 2015 година. Андреј во континуитет постигнува високи спортски резултати во пливањето, кои се вреднувани од државата. Тој е носител на стипендија од АМС од светска категорија. Ѓорче Петров ќе им помогне на младите спортисти кои постигнуваат високи врвни резултати! Ѓорче Петров ќе ги подржи вистинските шампиони, пишува Мисајловски на социјалната мрежа Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст