| четврток, 6 декември 2018 |

Се затвараат фабрики – рецесијата започна

До крајот на месец декември без работа ќе останат 4.000 луѓе. Пет фабрики, од кои 3 странски и две домашни, ставаат клуч и ќе ги отпуштат нивните вработени поради лошиот пристап на владата кон нив.

Петте фабрики веќе најавија затворање поради игнорантскиот однос на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, а процесот за ваквите нивни одлуки ги забрзаа лошите макроекономски резултати, зголемените трошоци за работа и производство. Македонија е веќе влезена во рецесија, а затварањето на овие фабрики ќе придонесе за пролонгирање на негативните трендови во економијата. Тоа е доволен показател дека владата нема никаква стратегија за развој на домашната економија. Прекинувајќи ги речиси сите процеси за подобрување на инфраструктурата, СДСМ докажа дека не знае добро да менаџира со буџетските средства.

Лошите реформски политики на новата влада ги бркаат инвеститорите, кои веќе имаат вложено во индустриските зони, а повеќето компании, кои беа пред одлука за влез и инвестирање во Македонија, ја променија својата одлука и се одлучија својот капитал да го инвестираат во други земји од соседството.

До пред доаѓањето на новата нереформска влада на СДСМ, Македонија беше најпосакувана земја за странските инвеститори. Поволната инвестициска клима и соработката со поранешната македонска влада беа клучни фактори за голем број компании од секаде во светот да инвестираат токму кај нас.

Следејќи ја досегашната политика на владата на Заев, наместо да привлекуваат нови инвестиции и невработеноста да се намали уште повеќе, тие ги бркаат сегашните. Со тоа стануваат директни виновници за отпуштањето и останувањето без работа на голем број на граѓани.

Конкретен пример за ова е фабриката ,,Фени’’ од Кавадарци, која пред две години, кога цената на металите беше најниска, таа работеше, а сега, кога цената на металите е на рекордно највисоко ниво, таа оди во стечај. Целта е богатење на неколку високи функционери од сегашната власт преку непријателско превземање на компанијата. Владата нема никаков концепт и план за развој на економијата и инвестициите, треба што поскоро да си оди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top