| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени од „Кам“ спречиле грабеж на маркетот

Вчера во 16,30 часот непознато лице пријавило дека во Скопје на ул. “Народен Фронт“ во “КАМ Маркет“ има нарушување на јавен ред и мир.

По излегување на местото на настанот констатирано е дека се работи за разбојничка кражба, при што од страна на три непознати машки лица, кои влегле во маркетот одземени биле повеќе прехрамбени артикли, но откако биле забележани од мониторинг центарот, истите на излегување биле запрени од вработените М.П.(34) и Б.К.(21) по што лицата и физички ги нападнале.

При обид да се оддалечат од местото на настанот, едниот од нив е запрен и се работи за К.Б.(19) од Скопје.

Истиот е приведен во Полициска станица Центар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top