Негативниот тренд се одрази и врз просечната плата која за прв пат по повеќе години почна да се намалува, во јули во однос на јуни падна за 0.6%.Забавената економија поради политичките случувања ја намалија активноста на банките за 1.6 отсто во првиот квартал, покажува извештајот на Народната банка. Компаниите се помалку бараат и се потешко добиваат кредити.
„Депозитите од домаќинства пораснаа за минимални 0.2 отсто. Кредитната активност на банките се намали, при пад на кредитната поддршка на компаниите и раст на домаќинствата“ стои во соопштението од НБРМ.
Гувернерот Димитар Богов уште минатата недела предупреди дека ситуацијата е сериозна, дека се сомнева оти годината воопшто ќе заврши со раст имајќи предвид оти во првата половина од 2017 бруто домашниот производ падна за 0.9 отстo.
Податоците на Државниот завод за статистика покажаа намалување и кај извозот, кој во јули годинава паднал за 12 проценти, а пад бележи и индустриското производство и тоа за 2,2 проценти. Поразителни резултати во градежниот сектор, каде има пад за 17,3 проценти пред се поради стопирањето на изградбата на автопатите кои ги почна претходната власт, а ги запре новата.
Негативниот тренд се одрази и врз просечната плата која за прв пат по повеќе години почна да се намалува, во јули во однос на јуни падна за 0.6%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст