| четврток, 6 декември 2018 |

На врвот – Софија Вергара е најплатена ТВ актерка во 2017 година

Колумбиската актерка Софија Вергара шести пат по ред е прогласена за најплатена телевизиска актерка.

Вергара само во 2017 година заработила околу 41 милион долари, објави магазинот „Форбс. Иако годинава заработила 2 милиони долари помалку во однос на претходната година, Софија повторно го зазема првото место на листата.

Актерката е дел од екипата на серијата „Модерно семејство“, а од епизода заработува дури пола милион долари. Заработува и од брендовите зад кои стои како заштитно лице.

Второ место е Кејли Куоко („Бубалици“), а по неа се Минди Кејлинг и Елен Помпео со 13 милиони долари, Маришка Харгитеј со 12,5 милиони долари и Џули Бовен со 12 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top