| четврток, 6 декември 2018 |

Гласот за СДСМ е глас за промена на името- Коѕијас очекува Македонија да се откаже од иредентизмот ако победи Заев

– Треба да се почекаат изборите во октомври и да се види дали новата Влада во Скопје ќе ја зацврсти својата позиција за да можеме да влеземе во посериозни преговори за решавање на прашањето за името, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за националната телевизија ЕРТ.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top