Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Охрид оствари работна средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан и словенечкиот лидер, Јанез Јанша.
-Со пријателите на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија на работна средба во Охрид, напиша Груевски на социјалните мрежи по средбата.
Целта на посетата е јасна, поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Орбан е актуелен премиер на Република Унгарија која е земја членка на Европската унија и НАТО Алијансата.
Претходно, висока делегација составена од раководството на ФИДЕС, партијата на Орбан присуствуваше на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и даде отворена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, како единствена алтернатива за развојот и напредокот на државата.
Орбан во Македонија допатува со специјален лет и ќе присуствува неколку часа во Македонија, со цел средба со Груевски. По средбата во Охрид, Орбан ќе отпатува во главниот естонски град Талин, каде на самит на ЕУ истиот ден ќе има вечера со европските лидери, меѓу кои и германската камцеларка Ангела Меркел.
Во Македонија вчера вечер допатува и поранешниот словенечки премиер и лидер на најголемата партија во Словенија (СДП) Јанез Јанша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст