Полицијата ќе ги отстранува масите на кафулињата кои без дозвола ги узурпираат тротоарите и јавните површини во Куманово, најави началникот на кумановската полиција, Моме Јакимовски.
– На некој ако му е дадена дозвола за две маси, тој поставил 10. Не може на тротоар некој да стави маса и да профитира, а да трпат граѓаните. Имаме поплаки од граѓаните дека жени мораат да прескокнуваат нозе на мажи за да поминат по тротоар – вели Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



