На претседателските избори во Словенија кои ќе бидат одржани на 22 октомври ќе учествуваат осум кандидати, а меѓу нив пет ќе бидат жени.
Кандидатот на Словенечката народна партија Сузана Лара Краус истакна дека претставува ново лице во политиката и дека тоа е нејзината предност во однос на останатите кандидати.
На изборите ќе учествува и претседателот на партијата Нова Словенија Људмила Новак, Романа Томиќ од Словенечката демократска партија, додека Партијата на модерниот центар ја кандидираше министерката за образование на Словенија Маја Маковец Бренќиќ, пренесуваат словенските медиуми.
Кандидатурата на пензионираната професорка Ангелце Ликовиќ ја поддржува конзервативната вонпарламентарна партија Глас за децата и семејствата, а во претседателската трка ќе учествуваат и градоначалниците Копра Борис Поповиќ и Камника Марјан Шарец.
Според предизборните истражувања, најголем фаворит е актуелниот претседател Борут Пахор, а поголемиот дел од аналитичарите сметаат дека единствена дилема е дали уште на 22 октомври ќе добие поддршка од повеќе од половина од гласовите или ќе биде потребен и втор круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст