| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ го честитаа Денот на Бошњаците

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 септември.

– Бошњачката заедница, традиција и култура во нашата држава се длабоко вкоренети во нашето општество и безрезерво и искрено даваат придонес во процесот на градење, зацврстување и негување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристична за Република Македонија, се наведува во честитката.

– Со почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености го градиме вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и енергија да продолжиме да живееме со меѓусебно разбирање и толеранција. Само така, сплотени и заедно ќе создадеме вредности за уште посилен и побрз развој и просперитет на Република Македонија, се додава во честитката.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во земјава им посакува овој ден да го поминат во мир, радост и спокој во кругот на своите семејства

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top