Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, денеска ја посети населбата 13-ти Ноември каде изјави дека за следната година, планирана е изградба на дневен центар за деца со пречки во развојот.
– Денеска во населбата 13-ти Ноември продолжуваме со промоција на проектите од нашата предизборна програма. Еден од позначајните проекти предвидени во оваа програма е изградба на првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во Општина Аеродром, во кој тие ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот, со цел да се намали нееднаквоста предизвикана од социјалната исклученост. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните Дневниот центар ќе го изградиме наредната година, за што ќе обезбедиме 3 милиони денари од Буџетот на Општината, истакна Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови