| четврток, 6 декември 2018 |

Волци изеле британска туристка во Грција

Британската туристка чиј распарчени остатоци се пронајдени во шума во северна Грција најверојатно ја нападнале, растргнале и изеле волци, навел грчки патолог.

Патологот Никос Кифнидис рекол дека бруталноста на животните била толкава што голем дел од телото недостасува.

Тој навел дека со аутопсија е утврдено дека ниту едно куче не би можело да каснува така.

Остатоците од туристката се откриени во саботата во близина на селото Петрота во Тракија, 285 км. источно од Солун.

Во близина пронајден е пасошот на 63-годишната Британка чие исчезнување е пријавено во петокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top