Жителите на Неготино и Кавадарци срдечно го пречекаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митинзите на коалицијата предводена од неговата партија.
Груевски во Кавадарци најави понуда за нови парцели во индустриската зона и изградба на патната инфраструктура, уредување и проширување на влезовите на Кавадарци, реконструкција и проширување на западен булевар односно влезот од Росоман и останатите влезови од Неготино и од Прилеп, изградба на велосипедско-пешачки патеки покрај кејот на реката Луда Мара.

Тој пред кавадарчани најави и други проекти преку кои општина Кавадарци ќе биде поблизу до граѓаните.

– Со проектот „Мој општинар” градот ќе биде поделен на повеќе реони, а секој реон ќе има свој општинар односно личност вработена во општината која ќе биде излезена на терен и ќе прима забелешки лично од граѓаните за проблемите кои можат да се решат од страна на локалната самоуправа, информира Груевски.

Потенцира дека тој заедно со градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат на привлекување на инвеститор за изградба на фабрика за откупување на вишокот грозје и претворање на вишокот во алкохолен дестилат во однос на потребите на пазарот. Во насока на континуирана поддршка на економскиот развој, според него, се планира и реконструкција на винската куќа во градскиот парк Кавадарци која ќе биде во функција на поддршка на развојот на лозарството, винарството и туризмот.


На кавадарчани им порача дека никој нема да може да го спречи народот да излезе како на референдум да стави крај на, како што рече, ова помрачување од последните четири месеци во Македонија и со тоа да започне новата ера..
– Народот ќе има можност да каже што мисли за она што и се случува на Македонија во овие четири месеци. За хаосот, за безредието, за неспособноста и лажењето, рече Груевски.


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингoт во Неготино истакна дека очекува победа на претстојните локални избори, а потоа и распишување нови предвремени парламентарни избори.

– Доаѓа нова ера, време е да им го испорачаме одговорот за сите штетни политики и за уривањето на институциите, како и за сите блокирани проекти. Народот ќе ги симне од власт и тоа ќе започне на 15 октомври и ќе заврши многу брзо со нови парламентарни избори, рече Груевски.

Во своето обраќање упати критики кон власта за, како што наведе, штетниот договор со Бугарија, поставување на некомпетентни кадри, за хајки и политички прогони на опонентите, за притисок врз медиуми, судии, администрација и кон странски инвеститори. Се осврна на нереализираните ветувања, како што посочи, за просечна плата, за најавите на зголемување на даноци, запирање на крупни проекти во градежништвото. Ја обвини власта и дека планира населување на мигранти во Македонија.

Нагласи дека Неготино е тиквешки крај и дека актуелната власт заборавила на земјоделците. Потсети на сите реализирани проекти во Неготинско од претходната влада. Најави нови проекти, меѓу кои и за донесување дополнителни количини вода за Неготино, инфраструктурни и комунални проекти, мини винарии и индустриски зони, мали и средни компании, образовни и спортски проекти, како и отворање дневен центар за деца со посебни потреби.

– Македонија ја гледаме како членка на ЕУ и на НАТО во стратешко патнерство со Америка, рече Груевски.

Тој се осврна на нивниот план на кој работеле во изминатиов период, а со кој се предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред неготинчани даде ветувања и за поголеми плати, намалување на сиромаштијата, подобро образование. Имаат исто така планови да растат субвенциите и пензиите, кое како што рече, сега е запрено. Нагласи дека на изборите одат со конкретни работи и добро осмислена визија, а не со демагогија.

На митингот беа претставени кандидатите за советници. Зборуваше кандидатот за градоначалник од Коалицијата „За подобра Македонија“ Златко Пенков.


Кандидатот за градоначалник Пенков најави довршување на проектите за комплетно решавање и подобрување на водоснабдувањето во Неготино, асфалтирање улици во градот и сите населени места, обезбедување и регулирање на паркинг простор во градот, изградба на кружни текови за побезбеден сообраќај, уредување на централни подрачја во села, фекални канализации, реконструкција на градски пазар, изградба на нова детска градинка, ивнестиции во образовни објекти и во комуналната сфера, урбанизација на индустриска зона, реконструкција на спортски објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


