На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, пред граѓаните се обрати претседателот на најбројната партија во Собранието, Никола Груевски, кој посочи дека се заборавени земјоделците.
-Ние во изборите бидејќи имаше многу лоша година за грозјето, а бевме во изборен период и не можевме да дадеме помош со закон. Значи во изборен период со закон беше забрането, сега Уставниот суд тоа го сруши, но тогаш беше забрането да Владата даде дополнителна помош, надвор од предвиденото. Но, дадовме ветувањата веднаш кога ќе заврши изборниот период и кога ќе формираме Влада, ќе овозможиме за оние што имаат од два до пет декара да добијат по 20.000 денари од декар, оние кои од 5 декара еден хектар, да добијат по 15 илјади, од еден до пет хектари, да добијат по 10.000 по декар да се помогне затоа што имаме тешка година, вие го знаете тоа добро. Еден од присутните пред малку ми кажа оваа година нема грозје, нема затоа што е тешка годна и сакавме да помогнеме. Нема, таа помош не ја дадоа, изјави Груевски.
Тој кажа дека дури не ги ни покачија за 10 проценти субвенциите, што ќе значеше покачување на субвенциите за 4.000 денари.
-Можеби ќе дадат сега некоја помош, во очи на кампањата за да купат некој глас, но потоа немојте да очекувате такво нешто, прашање е и дали сега ќе дадат, ќе видиме тоа. Она што најмногу загрижува за земјоделците е дека објавија, не пред изборите, после изборите, дека во иднина ќе направеле субвенциите да се добиваат само кога земјоделците имаат повисок принос од минатата година, како да тие не сакаат да имаат повисок принос, па сега они со сила ќе ги тераат, изјави Груевски.
Тој кажа дека би разбирал да беше политиката во правец на тоа земјоделците да употребуваат најдобри земјоделски практики, најквалитетно ѓубриво, најквалитетен семенски материјал и така и ќе дојдат до повисок принос.
-Но дека доколку нема повисок принос, нема да има субвенција, тоа е многу лошо за секој земјоделец, без разлика која култура ја обработува, тоа е она што го најавија пред неколку недели, нема ли повисок принос, нема субвенции. Веројатно оваа година нема повисок принос од минатата, значи нема субвенции да има ако гледаме по оваа мерка што планираат од догодина да ја воведат. Тоа е новото помрачување за кое говориме и кое што треба да почне да си заминува и да се расветлува небото од 15-ти октомври оваа година, изјави Груевски.
Тој напомена дека имале план за давање на огромни субвенции за високоприносен добиток, давање високи субвенции за наводнување капка по капка, воведување за советници за земјоделците, кои што тие нема да ги плаќаат, ќе ги плаќа државата.
-Планот беше тука во близина на Неготино да се изгради голема земјоделска берза, од цела Македонија да се носат тука производи за големопродажба, ништо од тоа, се е тоа ставено во заборав од нив, не од нас. Ние што сме ветиле по доаѓањето назад ќе си го оствариме, нашето ветување ќе си дојде тогаш кога народот ќе ги тргне овие од власт, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст