| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Не верувам во инстант решенија коишто од утре ќе го подобрат воздухот, ветувањата на власта е собирање ситни политички поени

„Во насока на екологијата имаме голем број на проекти“, изјави за ТВ Нова кандидатот и актуелен градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски.

„Во изминатиот период изградивме голем број на паркови, засадивме садници. Тоа се проекти кои долгорочно даваат позитивен ефект во поглед на екологијата и во поглед на чистиот воздух. Знаеме сите дека Аеродром како и Градот Скопје нема чист воздух посебно во зимскиот период“, потенцира Коневски.

Тој додаде дека Министерството за животна средина има направено студија која точно ги утврдува причините на загадениот воздух, а како најголеми причинители се фабриките коишто ги има во околина на Скопје, постојаното користење на автомобилите и домовите во коишто граѓаните се греат на дрва.

„Не верувам во инстант решенија коишто од утре ќе го подобрат воздухот, ветувањата на власта и злоупотребувањето на темата за загадениот воздух се во насока на собирање ситни политички поени“, посочи Коневски.

„За да го решиме конкретно овој проблем коишто ги засега сите граѓани планираме да продолжиме со изградба на паркови, особено на места коишто се запуштени и не уредени. Општината има голем број на такви места, конкретно во делот кај фудбалската федерација имаме уште еден дел останат коишто е неуреден а тоа е околу 100.000 метри квадратни. Во близина уредивме и место од 150.000 метри квадратни простор кои во минатото беше депонија“, истакна Коневски.

Тој очекува соработка со Град Скопје и тој простор да прерасне во прекрасен зелен парк кои ќе го пошумат со многу дрва, а планираат и на сите места кадешто се изградија нови објекти да изградат и нови паркови со дрва коишто долгорочно ќе го решат проблемот со загадување.

„Во руралниот дел каде што најголемиот дел од граѓаните од економски причини се греат на дрва наместо на струја затоа што дрвата им е поевтини, планираме да донесеме детален урбанистички план. Покрај кејот на реката Вардар во еден дел коишто е се уште неуреден и претставува лоша слика за општината, планираме да предвидиме целосна урбанизација на тој дел и да донесеме топлификациона мрежа. Се надевам дека голем дел од граѓаните на тој дел којшто се греат на дрва ќе се приклучат на таа мрежа.“, изјави Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top