Обвинителството за гонење организиран криминал ќе ја користи како доказ против премиерот Заев снимката на која тој наводно бара поткуп од 200.000 евра од локален бизнисмен од Струмица, вака одлучи скопскиот кривичен суд. Решението дека „бомбата“ која излезе и на „Јутјуб“ ќе биде доказ против него, му го врачија денеска во Судот на рочиштето за случајот Поткуп кое повторно се одложи бидејќи претседателката на судечкиот совет вчера се разболела.
– Ни беше врачено Решение со кое се одбива предлогот на моите адвокати за изземање на мерките кои се јавно објавени, а ние баравме да не се користат како доказни мерки, бидејќи беа јавно објавени на Јутјуб мрежата. Ќе го разгледаме ваквото решение, па со моите адвокати ќе одлучиме дали ќе се жалиме на ваквото решение, изјави Зоран Заев претседател на Владата на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Притворен командир на шумска полиција за земање поткуп
-
Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп