| четврток, 6 декември 2018 |

Илиоски на средба со Ромите: Ќе ги решаваме проблемите на сите граѓани на Битола

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Зоран Илиоски денес беше на средба со претставници на ромската заедница.

Придружуван од кандидатите за советници, Илиоски со сограѓаните разговараше за нивните проблеми, порачувајќи им дека ќе бидат посветени на решавање на тие проблеми.

-Инфраструктурните проблеми се детектирани, како општина ќе се залагаме да се решат максимално бидејќи како иден градоначалник со мнозинство во Советот, се трудиме да ги решиме проблемите за сите граѓани на Битола без разлика во кој дел на општината живеат, дали во централното градско подрачје, приградските населби или во селските населби, истакна тој по средбата.

Кандидатот за градоначалник на Битола, Илиоски, гарантира дека во него сите граѓани на Битола ќе имаат силен партнер за посветено решавање на проблемите.

Одговарајќи на новинарско прашање тој посочи дека сите проекти од неговата програма ќе бидат реализирани, а посветено ќе работи за реализација на други проекти зависно од потребите на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top