| четврток, 6 декември 2018 |

Жена фатена со хашиш, тврдела дека и треба за лекување

Вчера во 16.30 часот на крстосницата за село Меџитлија, од страна на полициски службеници од полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија” бил запрен автомобил мерцедес, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Н. (55) од Битола.

Како сопатничка во возилото била затекната Е.Б. (51) од Албанија. Полициските службеници извршиле преглед кај Е.Б. при што била пронајдена една најлонска ќеса со непозната растителна материја и една алуминиумска фолија со непозната растителна материја за која се изјаснила дека е опојна дрога хашиш која ја користела за намалување на болки затоа што боледувала од канце“.

Е.Б. била приведена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Во 18.45 часот, лицето и пронајдените предмети биле предадени на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Битола за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top