| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ Штип: Изградба на нова детска градинка во населба Сењак и изградба на затворен базен

Секогаш работа, Секогаш Македонија е слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за овие Локални избори. Работата на Локалната самоуправа во изминативе 4 години во секое населено место и во секоја улица е доказ за тоа. Новиот состав на Советот на Општина Штип ќе дава безрезервна поддршка на Градоначалникот, за да ја постигнат заедничката цел: Штип – град со визија, Штип – град на економски просперитет.

Ова денеска го изјавија кандидатите за советници во општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како Советници ќе дадеме нова и свежа енергија на Градоначалникот, за да ги реализира следниве проекти: Изградба на нова детска градинка во населба Сењак, со која се се зголеми капацитетот за прием на нови деца во детските градинки во нашиот град. Со овој проект се грижиме за младите родители и овозможуваме безбеден и здрав развој на нашите деца. Изградбата на Затворен Базен е проект кој ќе овозможи граѓаните и спортските клубови да рекреираат и спортуваат и во зимскиот период. Водените спортови во Штип до сега се случуваа само во летните месеци на отворениот градски базен, меѓутоа со овој проект ќе отвориме ново поглавје при развојот на спортот во нашиот. Изградба на главна водоводна ЛИНИЈА 2 со резервоари Мерите и Пребег е проект кој е од исклучително значење за секој од нас. Голем број граѓани работат токму во индустрискиот дел од градот и со изградба на на Главна водоводна ЛИНИЈА – 2 во должина од околу 4600 м ќе обезбедиме доволна количина на вода за пиење во Технолошката развојна зона. Изградба на обиколница од бул. Гоце Делчев до бања Кежовица, преку нас. Пребег ќе овозможи поврзување на неколку населби со патна инфраструктура, а во исто време ќе се намали сообраќајот низ центарот на градот за возилата кои транзитираат низ Штип, посочија кандидатите за советници.

Истакнуваат дека во наредниот период ќе продолжат со истото темпо и како и до сега. Тие посочуваат дека со проектите на ВМРО-ДПМНЕ Штип повеќе нема да биде истиот град. Кандидатите за советници додаваат дека за Штип се отвораат нови видици кои водат кон развој и просперитет во различни области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top