| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната премиерка на Тајланд осудена на 5 години затвор

Поранешната тајландска премиерка Јинглук Шинаватра е прогласен за виновна за небрежност и осудена е на пет години затвор во отсуство.

Врховниот суд ја прогласи за виновна за погрешна политика која довела до загуби во вредност од најмалку 8 милијарди долари.

Шинаватра беше соборена од власт во 2014 година, неколку недели пред воениот удар, а подоцна се соочи со импичмент.  Таа ги негираше сите обвиненија и избега од земјата пред пресудата да биде донесена, наводно, во Дубаи.

За време на судењето, Шинаватра тврдеше дека не е одговорна за спроведувањето на и инсистираше дека е жртва на политички прогон.

Обвинувањата за злоупотреби беа дека нејзината влада за да ја ублажи руралната сиромаштија, плаќа земјоделци кои произведувале ориз речиси двојно повеќе од пазарната цена.

Ваквата политика влијаеше на извозот на ориз од Тајланд, што според судот довели до загуби од најмалку 8 милијарди долари.

Но јавното мислење за неа е поделено. Таа и натаму популарна во руралните и сиромашните средини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top