| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во Кавадарци по шофершајбни лепи покани за митинг на ВМРО-ДПМНЕ (фото)

 

СДСМ во Кавадарци го достигна дното, откако активисти на партијата по шофершајбни почнаа да лепат покани за митинг на ВМРО-ДПМНЕ кои тешко се вадат. – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршниот Комитет на партијата, Богдан Илиевски, вели дека се работи за предизборна измама со која СДСМ сака да навлече револт на кавадарчани кон ВМРО-ДПМНЕ.

“Во Кавадарци животот дојде и употреби бугарски изборни фори од раните 90-ти. На автомобили утринава дојдениот живот залепи покани за митинг на ВМРО кој ќе се одржи вечер, покани кои тешко, тешко се вадат од шофершајбна.

Тој додава дека идејата е да се провоцираат и нервираат граѓаните при што треба да се постигне чувство на згрозеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top