| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите на Табак сити ќе добијат нови детални урбанистички планови-Ивица Коневски најавува нов сјај на населбата

Жителите на Табак сити ќе добијат нови детални урбанистички планови, најави денеска актуелниот и кандидат за уште еден мандат за градоначалник на општината Аеродром од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски. Тој промовираше дел од предизборната програма за претстојните локални избори за жителите од овој дел на Аеродром.
-Она што верувам дека најмногу ги интересира жителите на овој дел од општината е донесување на три детални урбанистички планови за локалитетите Македонија Табак и Индустриска зона. 
На тој начин граѓаните ќе можат да си ги остварат своите права за регулирање на станбените прашања и имотно-правните односи, особено на оние кои живеат во супстандардни услови.
Со реализација на новите ДУП-ови ќе се овозможи изградба на нова инфраструктура и уредување и модернизација и на ова населено место во нашата општина, коешто се наоѓа толку блиску до центарот на градот.Исто така, ќе обезбедиме средства од Буџетот на Општината и за изградба на нови линии за јавно осветлување за да блесне во нов сјај и оваа населба-напиша Коневски на својот Фејсбук профил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top