На денешниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, пред граѓаните се обрати и претседателот на партијата Никола Груевски. Тој кажа дека по долга и опсежна анализа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата недвосмислено се одлучи, дека во Кочани за наредните четири години е актуелниот и иден градоначалник, како што Груевски, Ратко Димитровски.
-Тој е успешен стопанственик, кој што знае како се печали лебот, кој што покажа во минатите години, како треба да се предводи градот, како треба да се исполнува ветеното. Знае како да ги надмине и новите предизвици и важни проекти кои што доаѓаат за Кочани, изјави Груевски.
Груевски потсети и за проектите во Општина Кочани во изминатиот период. Тојкажа дека се завршија многу работи, асфалтирани се улици, меѓу кои Орце Николов, Февруарски поход, Ѓорче Петров, 13-та Македонска бригада, Димитар Лазаров, улица Македонска, Разловечко востание, 15-ти македонски корпус, Пиринска и многу други.
-Во овие инфраструктурни проекти инвестирани се повеќе од 60 милиони денари и тие беа дел од ветувањата на Ратко Димитровски. После три децении се изврши реконструкција на улицата Доктор Никочиќ, се реконстурираше и улицата Димитар Влахов,,изјави Груевски.
Тој кажа дека изградена и атмосферска канализација на многу улици во градот, зафати вредни повеќе од 100 милиони денари.
-Се изградија и нови училишни спортски сали во неколку училишта во општината, изградени се две поќенаменски игралишта . Општина Кочани го реконструираше средното училиште Љупчо Сантов, инвестиција вредна 13 и пол милиони денари. Изграден е нов кружен тек на крстосницата кај полициската станица, сообраќајно решение кое намали бројот на сообраќајки и сообраќајниот метеж, изјави Груевски.
Тој кажа дека се изградени потпорни ѕидови низ целата општина. Груевски кажа дека се изградени и мостови.
–Но она што е најважно и што мене најмногу ме радува е што во соработка со градоначалникот, кој што имаше подготвеност и добра волја, тука се прифати две крупни фабрики да се отворат, тоа се Амфенол и Антура, кои што вработија многу луѓе. Досега во Амфенол се вработени на 1.700 луѓе, а планот е да надмине на 2.500 нови вработување на луѓе кои што немаат работа. Во Антура се вработија околу 320 луѓе, а планот е да се вработат уште толку, затоа што веќе и се гради нов капацитет, изјави Груевски.
Тој кажа дека многу го радува тоа што во соработка со градоначалникот бројот на невработени успеале да го намалат од 12.000 на помалку од 4.000.
–Се гради автопатот, кој за жал сега е во застој, а го започнавме и екпсресниот пат Штип-Кочани, за да може од Кочани во Скопје да се оди по удобни патишта, безбедни патишта, да се оди побрзо, изјави Груевски.
Груевски напомена дека во Кочани е почнато со изградбата на браната Речани, каде што е започнато со изградбата на пристапниот пат, иако како што кажа Груевски и таму почнале нешто да запираат. Груевски кажа дека овој капитален проект е во вредност од 36 милиони евра.
–Се надевам дека овој гнев, овој инает кој го тера СДСМ кон сите проекти кои ги започна ВМРО, еден ден ќе заврши и се свестат дека се штои запираат, прават против народот. Со запирањето на економијата, прават и против себе, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст