Гледаме дека се оптоварија со политички хајки кон неистомислениците, со политички прогони кон нас како опозиција и кон сите нас кои што размислуваме поинаку, токму тие кои што зборуваат за демократија гледаме дека прават се што можат да направат поголем притисок врз медиумите, судството, администрацијата, а најмногу врз странските инвестиции, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на митингот во Кочани на која е претставена програмата на нивниот кандидат за градоначалник.
-На газдите во СДСМ не им одговара да доаѓаат странски инвеститори и да отвораат нови работни места бидејќи тие самите имаат фабрики и ги држат вработените да не им преминат во други компании кои што доаѓаат и кои што ќе платат повеќе или пак ќе треба и тие да им ги зголемат платите или пак да ги загубат тие работници, тоа се тие газди на помрачувањето. Така е и во Кочани каде што има голем дел на текстилни фабрики, жителите на овој град ме информираа дека газдите на текстилните фабрики се против доаѓањето на овие странски инвестиции, затоа што со нив тие се принудени да ги зголемат платите на вработените кои што не само што имаат поголема работа, туку и помала плата и затоа не ги сакаат странските инвеститори кои што ги бара секоја држава, вели Груевски.
Тој потенцираше дека оваа Влада сака да ги избрка сите странски инвестиции бидејќи тие не им одговараат на нивните бизниси и на нивните газди на помрачувањето.
-Тие најавија зголемување на даноците а истото го кажаа бесрамно како да го намалуваат, а не како да го зголемуваат данокот во Македонија и тоа е тоа помрачување кое дојде над Македонија. Тоа е таа политичка гарнитура која и во минатото се прослави со неисполнување на дадените ветувања, она што е исто така е видливо во нивното редефинирање е и донесувањето на штетниот договор со соседна Бугарија за кои можеме да и честитаме на Бугарија, но не и на нашата Влада. Тие исто така прифатија мигранти во Македонија, ние ги решивме сите наши непријатели и невработеноста па ќе носиме мигранти, вели Груевски.
Тој потенцираше дека Инспекторатот за локална самоуправа кој што е под водство на Владата ги забрани референдумите на кои што народот требаше да го каже своето мислење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст