| четврток, 6 декември 2018 |

Вработените во кумановски „Комуналец“ под присила делат летоци од кандидатот на СДСМ Максим Димитриевски

Вработените во ЈП  „Чистота и зеленило“ во Куманово ја злоупотребуваат службената положба и  додека се на работа делат флаери за кандидатот Максим Димитриевски. Додека владата на СДСМ и министерот  за пропаганда Роберт Поповски на прес-конференција зборуваше за одлука за забрана  на користење на државни  ресурси во кампања, во ист момент СДСМ во Куманово активно ги злоупотребува  ЈП ,,Чистота и зеленило”-Куманово,каде вработените се тераат со присила да разнесуваат флаери за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски.

На сликите  кои ги добивме од граѓаните јасно се гледа дека вработените во јавното претпријатије,, Чистота и Зеленило”Куманово,како  пред штабот на СДСМ во центарот на градот,им се дават  флаери  од кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски за делење,кои  подоцна со камионот за  собирање  на смет на јавното претпријатие, ќе ги распространат и дистрибуираат низ градот.

И покрај ветувањата на СДСМ за  чесна и фер кампања за локалните избори и донесеното упатство од страна на владата  за  забрана за користење на државни ресурси како што се  владини  возила и други државни ресурси,возила на државни и јавни претпријатија и вработените  луѓе во истите,СДСМ уште  од првиот ден од официјалниот старт  на  кампањата за локални избори ги ставфи и злоупотреби во корист на отпочнатата кампања.

По налог на владата и Зоран Заев, актуелните градоначалници на СДСМ ги активираа сите  расположливи ресурси   на опшинските и јавните претпријатија како логистика за  нивните кандидатите  за  градоначалници, при што се врши класична злоупотреба на луѓето и општествени ресурси  за време на  работа за изборни цели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top