| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците уште не добиле учебници по сите предмети

Измина речиси еден месец откако започна новата учебна година, а голем дел од учениците сè уште не ги добиле учебниците по сите предмети, кои вообичаено во изминатите осум година владата што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ ги обезбедуваше бесплатно и доставуваше навремено, пред први септември, рече Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

– Родителите со право се загрижени. Наставниците, исто така. Тие се во непријатна ситуација затоа што во следните неколку денови треба да започне проверката на знаењето на учениците, а тие немаат од каде да учат – изјави Попова.

Иако оваа активност треба да биде вообичаена за Министерството за образование и наука, неодговорната министерка од редовите на СДС сè уште не ја завршила и покрај ветувањата дека учебниците целосно ќе бидат набавени и дистрибуирани до 15 септември. Јавноста беше грубо излажана, а штетата е на сметка на учениците и наставниците.

– Повеќе од јасно е дека СДС нема капацитет за водење на институциите. Образованието е во тотален хаос. Освен укинувања, стопирања и блокирања на реформски процеси и проекти наменети за граѓаните, во изминатите 100 дена не видовме ништо корисно од политиката на оваа расипничка влада.

Информацијата која денес ја споделивме е само уште една причина и потврда дека СДС ќе биде казнет од мнозинството граѓани овие локални избори, по што ќе се отвори и можноста за предвремени парламентарни избори, со цел враќање на државата на вистинскиот пат – рече Попова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top