Светски познатата прехранбена компанија „Хип“ објави дека во иднина на хрватскиот пазар ќе пласира бебешки кашички со иста содржина на зеленчук како и во германските продавници. Ова е голема победа за хрватските потрошувачи откако беа објавени резултатите на истражувањето иницирано од европарламентарката Билјана Борзан, а со кои се докажа дека производите на „Хип“ во Хрватска содржат помал процент зеленчук и омега- 3 масни киселини.
Со истражувањето се покажа дека големите мултинационални компании на источноевропските и балканските пазари пласираат производи со послаб квалитет во споредба со западноевропските. Само кај 4 од тестираните 26 производи немало разлика во квалитет и во цена. Кај 54 отсто од производите била утврдена разлика во квалитетот, додека повеќе од 60 отсто во моментот на купување биле поскапи на хрватскиот пазар.
Иста рецептура
– Состојките на храната за деца се јасно означени на амбалажата. Но, поради јавната расправа за различните рецепти во европските држави, сфативме дека тоа би можело да доведе до погрешни толкувања за кои многу се жалиме. Одлучивме повторно да го покренеме производството на „Хип“ кашичката со ориз, морков и мисиркино месо по рецептура еднаква на таа во Германија- изјави портпаролката на „Хип“.
Европратеничката Борзан одлуката на „Хип“ ја прогласи за голема победа за себе и за хрватските потрошувачи.
– Ја поздравувам одлуката на „Хип“. Ова е голема победа за мене и за хрватските потрошувачи. Успеавме да ги заштитиме најранливите, малите деца, од второкласни производи кои се помалку здрави. Цело време ми зборуваа дека ова е тешка битка, да се чувам од мултинационалните компании, но примерот на „Хип“ покажа дека кога знаеш дека си во право и кога имаш црно на бело, тогаш можеш да поместиш и планина- изјави Борзан.
Таа очекува и другите производители да го следат овој пример.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст