| четврток, 6 декември 2018 |

Додека криминалците царуваат, СДС се насочи кон човек со здравствени проблеми третирајќи го како најголем криминалец

Стравот и нервозата од изборниот пораз на СДС се видливи на секое можно поле. Токму затоа повторно беше активирана партиската испостава на СДС, СЈОм која побара притвор на Едмонд Темелко, а судството под притисок на СДС донесе одлука за прифаќање на барањето на СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите реагира на притворот на единствениот македонски градоначалник во Абанија, Едмонд Темелко, потсетувајќи дека од една страна спротивно на законот СДС и Зоран Заев пуштаат на слобода осудени криминалци, од друга страна политички монтираат случаи и бараат притвори.

Двојните аршини на СДС се видливи. Надвор од сите процедури, крешјќи ги правилата, СЈО донесе политичка одлука, Судот испорача. Одлуката единствениот македонски градоначалник во Албанија да оди во притвор преставува врвно лицемерие и уште еден показател за киднапирањето на државата од страна на хунтата на СДС. Додека криминалците царуваат, СДС се насочи кон човек со здравствени проблеми, третирајќи го како најголем криминалец“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.

ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека СДСМ се свесни за поразот, па затоа очекуваат политичкото обвинителство на Катица Јанева активно да се вклучува во изборната кампања на СДС.

„Нивната борба за живот, е борба за правење на криминали на врхушката на СДС. Затоа народот ќе ги казни, а одговорност за сите кој ги силуваат законите и носат политички наместо правни одлуки, ќе има многу брзо“, пишува со соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top